Управата за јавни приходи од денеска почнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“.
Обуките стартуваат во Куманово. Во текот на еден месец се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката. Првите работни средби ќе се реализираат во општините Куманово, Градско и Богданци. На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности…
За регистрација и учество на обуките, заинтересираните треба да се пријават најдоцна два дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок. Тие се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство