| четврток, 6 декември 2018 |

Модерни соби за пребирливи тинејџери

На тинејџерите им е потребен мир и сопствен простор, а бидејќи ретко кој има вишок квадрат, за да ги усреќите младите во „критичните години“ ќе ви треба многу креативност.

На децата во пубертет им е најважно што мисли друштвото за нив, па е исклучително важно собата да биде „кул“, да можат да викант друштво и сите да мислат дека собата е екстра. Затоа, треба малку да вложите, но да внесете големи промени. Не треба да купувате целосно нов мебел, зашто тинејџерската фаза брзо поминува, па внимавајте да може мебелот да се користи и понатаму.

Одлична идеја која може да го реши проблемот и целосно да го измени изгледот на собата е ѕид со лајсни на кои можат да се закажуваат работи. Ѕидот треба да има ребра во кои по желба ќе се ставаат полици, како оние во продавница, а полиците можат да се извадат и на ребрата да се обеси нешто друго. Тинејџерите имаат променливо расположение, па најмногу им одговара и лесно променлив мебел.

Каучот или креветот треба да биде класичен за да може да се вклопи и кога детето ќе стане стидент. Атмосферата се создава со деталите. Затоа, важен детаљ е тепихот, кој мора да биде модерен. Никако не треба да купувате скап, зашто и онака тешко ќе ја преживее тинејзерската фаза. Завестите, исто така, не смеат да бидат класични, дезенот мора да биде модерен и во согласност со вкусот на тинејџерот.

Не заборавајте во консултација со неговото височество да набавите интересен постер, шмекерски тапиети, култен репринт, кои е најпаметно да добијат почесно место на вратата. Ѕидови со селотејп никој не сака.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top