Францускиот институт во Скопјев четврток, (27 октомври), во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје организира Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“.
Саемот ќе биде одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.
Освен информации за студии во Франција, на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци