| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски во Гостивар: Економски развој, нови работни места и инвестиции се во фокусот на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

minoski-gostivar-768x427

Кирил Миноски заедно со претставниците од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Гостивар каде оствари средба со голем број на граѓани.

Тој со нив ги сподели главните приоритети на новата програма на владејачката партија, за следните парламентарни избори.

– Во фокусот на оваа програма како и на претходните е да се создадат услови за подостоинствен живот за граѓаните и повисок животен стандарт. Тоа ќе го направиме преку програма во која што главниот фокус го ставаме на економскиот развој, на креирањето на нови работни места, на потикнувањето на инвестициите и тоа како на странските, така и на домашните инвестиции. Подобрување на деловното опкружување, меѓутоа исто така и на преземање на низа други мерки, преку кои што ќе се поттикне развојот на малите и средните претпријатија, ќе се поттикне развојот на иновациите кај малите и среди претпријатија, меѓутоа исто так ќе се преземат и низа чекори и структурни реформи со кои што се има за цел да се поттикне економскиот раст и да се искреираат повеќе работни места, рече Миноски.

minoski-gostivar2-768x427

Тој ги информираше граѓаните дека продолжуваат и мерките за помош на земјоделците.

– Во делот на земјоделието исто така продолжуваме со нашите активности, во кои што главен приоритет ќе ни биде креирањето на мерки со кои што ќе се стимулира модерното земјоделско производство, кое што ќе обезбеди поголеми приноси и посовремени методи на работа со што ќе се обезберат поголеми средства за самите земјоделци, ќе се придонесе во голема мера за економскиот раст. И понатаму интензивно продолжуваме со провлекување на странски инвестиции. Ќе се обидеме и во овој крај да донесеме што е можно повеќе странски инвеститори. Меѓутоа и со довршувањето на коридорите, и тоа Коридорот 8 и Коридорот 10 кои што ќе создадат услови за  поголем економски раст, додаде Миноски.

minoski-gostivar3-768x422

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top