| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот туристички потенцијал за прв пат промовиран во Данска

mkd1

Туристичката понуда на Република Македонија за прв пат е претставена на саемот за туризам во Копенхаген, Данска. Како што информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија на тридневниот саем организиран од елитното списание за туризам Vagabond – Vaagabond Quality Travel Fair, Македонија разбуди огромен интерес кај данската публика како неоткриена дестинација од помладите, и вредна за посета дестнација од повозрасните кои пред многу години ја посетиле и сакаат повторно да сведочат за нејзиниот развој.

Агенцијата за туризам при промоцијата на туристичката понуда на Македонија во Данска се фокусираше на природните убавини на земјава, вклучувајќи ги и спортските активности и гастрономијата, кои беа дополнително промовирани пред публиката од Данска.

02

Претставници на Агенцијата за туризам во соработка со економскиот промотор на Македонија во Данска, Мирјана Наумоска, на саемот во Копенхаген остварија состаноци со Асоцијацијата на Дански тур оператори и тур операторите Викторс Фармор, Албатрос Травел, Атлантис Рејсер како и познатите весници Копенхаген Пост и Борсен. Данска како скандинавско­ нордиска земја е финансиски стабилен пазар кој е во потрага по нови, неоткриени дестинации. ­

– Интересот за Македонија од страна на данските тур­оператори е неверојатно голем, па некои од нив уште во 2017­та ќе ја вклучат нашата земја во нивната понуда, изјави Наумоска.

03

Како што е наведено во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, данците користат пет до седум недели на одмор во текот на годината, а патуваат три до четири пати годишно, каде во просек трошат по 1.300 евра, со што се вбројуваат во една од нациите кои се најголеми потрошувачи кога е во прашање патувањето.

Преференците на Данците за сонце и спортски активности ја прави Македонија атрактивна дестинација за одмор која може да им понуди уникатни искуства, се додава во соопштението од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top