| четврток, 6 декември 2018 |

Погреб по свој вкус: Во Словенија основан погребен сервис „Плати денес, умри утре“

pogreb_susic4-290414

Во Словенија е основан првиот сервис за погребни услуги кој од класичните се разликува по тоа што идниот погреб се нарачува по сопствен вкус на уште живото лице и веднаш го плаќа во готово или на рати, со што го ослободува семејството од идните грижи во најтешките моменти.

Претпријатието со целосен назив „MPN – Мој погребен план“, компанија за осигурување на погребните услуги е основана и ја води истакнатата словенечка менаџерка Аленка Жнидаршич Крањц, најпозната како основач и директор на првиот словенечки приватен пензиски фонд.

Вели дека идејата за организирање и планирање на погребот однапред ја добила од еден странски финансиски консултант. Иако во дел од јавноста нејзината претприемничка иновација е дочекана со сарказам, претпријатието е веќе регистрирани и добило даночен број и преку огласи ги бара првите клиенти.

Во огласните пораки и на својата веб страница, новиот погребен сервис предупредува дека погребните трошоци се поголеми, додека тие гарантираат за уплатените средства на лицата кои за своето заминување од овој свет размислуваат одговорно и не мислат со тоа да оптоваруваат своите семејства, паметно ги вложуваа во инвестициски фондови и така ги зголемуваат до денот на нивната смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top