Барселона потврди дека Андрес Иниеста сепак го очекува подолга пауза од фудбалските терени. Шпанскиот репрезентативец ги повреди лигаментите на коленото на вчерашната средба со Валенсија за што ќе биде потребен период за рехабилитација од најмалку два месеци.
Со тоа Иниеста нема да биде дел од составот на Шпанија со кој ќе се сретне нашата селекција следниот месец во рамките на квалификациите за Светскиот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.