Пејачката и членка на жирито во Ѕвездите на Пинк, Александра Радовиќ, до сега умешно од јавноста успеала да скрие дека пред околу 15 години била во брак со нејзин колега музичар кој траел неколку години, тапанарот Дејан Николиќ – Џони со кој настапувала во веониот оркестар.
Таа од своето појавување на музичката сцена, вешто ги избегнувала личните прашања и не сакала да говори за својот приватен живот. Како што пишува Курир.рс, пејачката пред да стане популарна била во брак со свој колега.
– Таа со Џони се запозна додека беше студент на музичката академија во Нови Сад. По неколку месеци му се приклучи на воениот оркестар каде тој свиреше на тапани и таму се роди љубовта моѓу нив двајца. По околу една година врска, се вселија заедно, а по три или четири години заеднички живот одлучија да се венчаат, изјавил извор близок до пејачката.
Тој додал дека тогаш Александра била лудо вљубена во својот сопруг, но иако нивната врска изгледала стабилна, се појавила проблеми кои не можеле да ги преминат.
– Нон стоп беа заедно и сите околу нив мислеа дека ќе остарат заедно. Меѓуота, по две години брак се разведоа, а причините за тоа останаа само помеѓу нив. Се обидов од неа да ја излвечам причината за нивното разделување, но за таа тема Александра не сака да проговори никогаш, додал изворот.
За оваа врска од минатот, пејачката не сакала ништо да коментира, додека Николиќ збунето им одговорил на новинарите: Не знам…од каде ви се тие информации? Не сакам да зборува за тоа.
По разделбата од тапанарот, таа била во врска и со менаџерот и продуцент Алекцандар Кукањиќ. Радовиќ исто така живеела и во вонбрачна заедница со Александар Зеремски, со кој ја има својата ќерка Нина (6), но и за таа врска пејачката никогаш јавно не проговорела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.