Она што во деведесеттите години беше Земунскиот клан, сега тоа е Црногорскиот. Овој клан тресе по Балканот и сее страв. За само два месеца тие ликвидираа четири лица меѓу кои и навивачот на Партизан, Сале Мутавиот. Главен „бизнис“ на Црногорците е препродажбата на дрога, а покрај во својата држава го држат пазарот и во Србија, пишуваат балканските медиуми.
Поделени се на два клана Шкљари и Кавачи, со седиште во Котор, кој е база на сите криминални зделки што се склопуваат.
Водач на Шкљарите е Јован Вукотиќ, кој наводно е под заштита на Лука Бојовиќ кој важеше за надмоќен во српското подземје. Богатството на Јован се мери со стотина милиони евра, а од скоро бизнисот со дрога го проширил и во Западна Европа.
Кавачите се од местото Кавач покрај Котор. Нив ги води Слободан Кашчелан и Радоје Звицер. Неодамна на Кашчелан и на неговиот телохранител имаше обид за атентат. Убиецот испукал рафал од мотор кон „аудито А6“ во кое се наоѓале тие двајца.
Заедничко за двата клана е што за најголема закана го сметаат Дарко Шариќ, кој сеуште важи за некрунисан крал на шверцот со дрога на Балканот и пошироко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.