Денеска се празнува љубовта меѓу братот и сестрата.
Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија.
Беа брат и сестра, од Никомидија. Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина.
За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог.
По ова судијата нареди и го биеја долго дури не го облеа крв и го мачеa со долги, лути маки. Кога слушна за мачењето на својот брат, девицата Евлампија дотрча и самата заедно со брат ѝ за да прими маки за Господ Исус Христос. И таа беше биена додека крвта не ѝ удри на носoт и на устата.
Потоа ги фрлија во врела смола, па во вжарена печка, но тие со силата на името Христово и со знакот на Крстот го направија огнот безопасен.
Најпосле на Евлампиј му ја отсекоа главата, а Света Евлампија издивна пред отсекувањето.
Тогаш беа погубени уште двесте христијани, коишто поверуваа во Христа гледајќи ги силата и чудата на Св. Евлампиј и неговата сестра.
Сите се овенчаа со маченички венци и преминаа во Небесното Царство.
Се верува дека денеска Бог ги чува сите оние кои се борат да ги заштитат послабите од себе и остануваат верни на своите убедувања, дури и ако се пред најголеми искушенија. Исто така света Евлампија се смета за заштитница на браќата и сестрите ширум светот. Сите кои ја сакаат нејзината наклоност на денешен ден треба со поклон или било каква мало внимание да покажат на браќата и сестрите колку им значат и колку ги сакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…