| четврток, 6 декември 2018 |

Празник на сестринската љубов – Денеска направете го ова и благословот на светителите ќе ви донесе среќа

%d1%81%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0

Денеска се празнува љубовта меѓу братот и сестрата.

Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија.

Беа брат и сестра, од Никомидија. Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина.

За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог.

По ова судијата нареди и го биеја долго дури не го облеа крв и го мачеa со долги, лути маки. Кога слушна за мачењето на својот брат, девицата Евлампија дотрча и самата заедно со брат ѝ за да прими маки за Господ Исус Христос. И таа беше биена додека крвта не ѝ удри на носoт и на устата.

Потоа ги фрлија во врела смола, па во вжарена печка, но тие со силата на името Христово и со знакот на Крстот го направија огнот безопасен.

Најпосле на Евлампиј му ја отсекоа главата, а Света Евлампија издивна пред отсекувањето.

Тогаш беа погубени уште двесте христијани, коишто поверуваа во Христа гледајќи ги силата и чудата на Св. Евлампиј и неговата сестра.

Сите се овенчаа со маченички венци и преминаа во Небесното Царство.

Се верува дека денеска Бог ги чува сите оние кои се борат да ги заштитат послабите од себе и остануваат верни на своите убедувања, дури и ако се пред најголеми искушенија. Исто така света Евлампија се смета за заштитница на браќата и сестрите ширум светот. Сите кои ја сакаат нејзината наклоност на денешен ден треба со поклон или било каква мало внимание да покажат на браќата и сестрите колку им значат и колку ги сакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top