
Изградбата на училишта во Република Македонија се одвива добро. Досега се изградени 74 училишта, од кои 11 се изградија во последната година дена, 3 училишта се во фаза на градба и уште 5 ќе почнат да се градат во текот на наредната година, што вкупно е 19 нови училишта за период од две, две ипол години, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Во еден период од две, две ипол години вкупно 19 училишта, толку колку што немало во сите мандати на СДСМ заедно. Инаку, како што кажав во нашите мандати вкупно се изградени 74 училишта. Се градат и во моментот, а тој тренд ќе продолжи и во наредните години – додаде Груевски одговарајќи на новинарско прашање во Градската општа болница „8 Септември“-Скопје, каде беше поставен камен-темелник на бункер за нов линеарен акцелератор за потребите на болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


