Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
– Пред точно 123 години беше поставен темелот на македонската организирана борба за слобода и сопствена татковина. Оваа искра речиси цел еден век ја распламтуваше борбата на народот во Македонија од Илинденската епопеја, преку НОБ и АСНОМ, до 8-ми септември. Идејата на македонската револуционерна организација го разбуди и го одржуваше стремежот за слободна и независна татковина Македонија, се вели во честитката од Груевски.
Организацијата, како што се наведува, беше сенародно движење кое ги мобилизираше Македонците, но и сиот народ во Македонија до остварувањето на најправедната и вековна цел, слободна и независна македонска држава.
– За овој идеал илјадници синови и ќерки на Македонија ги положија своите животи. Нивниот сон денес е остварен, но идејата и аманетот на Организацијата го носиме се уште во нас – подвлекува Груевски во честитката.
Како што Организацијата ги обедини сите под бајракот на слободата, потенцира Груевски, така и денес треба да останеме сплотени, да останеме решителни и одлучни да го чуваме делото на Татарчев, Груев, Поп Арсов, Хаџи-Николов, Димитров, Батанџиев, но и на плејадата знајни и незнајни херои од борбата за слободна Македонија.
– Таа борба и денес е исто жива и силна како пред 123 години. Таа борба денес е борба за напредок, благосостојба, нови работни места, повисок стандард, подобро здравство, современо земјоделство, модерно образование и подобра иднина. Нека ни е честит 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Нека е вечна идејата на Македонската Револуционерна Организација. Нека е вечна Република Македонија – вели во честитката Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски