Двајца најдобри пријатели на Дражен Петровиќ, Дубравко и Фабијан Журиќ, кој играле со него во Шибеник кога бил тинејџер, открија која е вистинската причина за кавга меќу легендарниот хрватски ас и Владе Дивац.
Уште од 1991 кога Дивац за време на славењето на освоената титула на прваци во светот во Аргентина му ја одзел на Петровиќ шаховницата од раце и ја фрлил, се зборува дека поради тој гест двајцата големи пријатели преку ноќ станале непријатели.
Журиќи тврдат дека целата таа приказна не е точна.
-Сите кои зборуваат за Дражен лажат, така е и лага и оној филм на Владе Дивац „Еднаш браќа“, бидејќи само ние сме пријатели на Дражен и да го снимаме филмот би го нарекле „Секогаш браќа“. Тој филм е направен, го фалеа, но таму многу работи не се вистина – тврди Фабијан Журиќ.
-Еве само еден детал, дали знаете зошто се скараа Дивац и Дражен?Поради знаме?Е не, тоа е приказна за весниците, а сега ќе ви ја кажам вистинската причина. На натпереварот дојде до туркање, Дражен падна на под, а Дивиц го згази со патиката. Дражен го опцу и од тогаш се прекина нивнотот „големо“ пријателство. Значи тоа ниту беше големо пријателство, ниту пак знамето беше проблем!Тоа не боли бидејќи Дивац се спомнува како голем пријател на Дражен, а тоа не е вистина – вели Фабијан Журиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.