Висок член на Шведската академија го осуди однесувањето на американскиот музичар Боб Дилан за „арогантно“, поради тоа што тој не се огласи на 13 октомври кога беше именуван за добитник на Нобеловата награда за литература. 75-Годишниот Дилан не одговараше на телефонските повици на Академијата ниту пак реагираше во јавноста кога беше прогласен за добитник на Нобеловата награда.
„Тоа е непристојно и арогантно. Тој со ова покажа каква личност е“, изјави академикот Пар Пер Вастберг, а пренесоа шведските медиуми. Дилан моментално се наоѓа на турнеја во САД и за време на своите концерти не ја споменуваше Нобеловата награда. Дурии единственото споменување за Нобеловата награда на неговиот сајт беше избришано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.