Чистењето на телото од токсини, а особено од белите дробови е одлично, бидејќи помага за правилна работа на организмот, а тогаш се чувствуваме многу подобро. Посебно внимание на овие совети треба да обратат пушачите.
Третманот трае три дена, но не би било лошо некои од ставките да станат дел од вашето секојдневие.
Два дена пред почетокот на чистењето престанете да јадете и пиете млечни производи. Телото мора да се ослободи од токсините од овие производи наталожени во телото.
Првиот ден од режимот испијте шолја чај од тревки пред спиење. Тоа ќе ги исфрли отровите од цревата. Имајте во предвид дека белите дробови во текот на чистењето не смеат да се оптеретуваат со потешка физичка активност.
Пред појадок испијте 300 мл вода со две исцедени лимони. Потоа испијте 300 мл сок од цитрон, но ако вксусот ви е премногу одбивен, испијте ја истата количина од сок од ананас.
Овие сокови содржат природен антиоксиданс кој ја подобрува работата на системот за дишење.
Помеѓу појадокот и ручекот испијте 300 мл сок од морков, бидејќи ќе помогне да се прочисти и збогати крвта во текот на овие три дена од чистењето.
За време на ручекот испијте 400 мл сок богат со калиум, бидејќи тој делува како тоник за чистење одвнатре. Калиум има во банани, кајсии, круши, домати…
Пред спиење испијте 400 мл сок од брусница, а тоа ќе помогне во борбата против евентуалните бактерии во белите дробови кои би можеле да предизвикаат инфекција.
Опуштете се 20 минути во топла бања, секојдневно во овие три дена, бидејќи преку потењето се исфрлаат токсините од телото.
Во сад со врела вода ставете пет до десет капки етерично масло од евкалиптус и инхалирајте се со пешкир преку глава. Вдишувајте ја пареата додека водата да излади.
извор: НМД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Додека комуналните служби на градот дремат: Волонтери ја исчистија околината на Пошта 2 под Железничка станица во Скопје
-
Огромни штети од невремето во Охрид: Екипите на терен да се исчистат објектите и крајбрежјето (галерија)
-
Ниту премногу чисто не е добро за здравјето