| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерки, внуци, криминалци: Во СЈО семејна атмосфера како на слава – сите се свои

Внуци и внуки, осудувани лица и партиски кадри на СДСМ се дел од вработените во Специјалното јавно обвинителство.

Непотизам и непрофесионалност, еднострана политичка обоеност и пристрасност е она по што до сега е познато ова јавно обвинителство.

Не е познато по кои критериуми СЈО ги избира кадрите кои ќе работат за нив, а и на поставени праша од таму не добиваме одговори.

На прес-конференциите СЈО избегнува да одговори кој сѐ се вработува во оваа институција, а по електронски пат не одговара. Курир сѐ уште чека одговор на прашањата испратени преку електронска пошта.

1. Дали е точно дека во последната тура вработувања е вработен и Ѓорге Делиџаков од Гевгелија – внук од сестра на Катица Јанева? Дали тука не гледате непотизам, особено што веќе се наполни СЈО со ќерки и внуци на обвинители… Колкава плата ќе зема Ѓорге Делиџаков и на која позиција е вработен?
2. Дали е точно дека СЈО ја вработило Берниса Рахиќ? На која позиција и колкава и е платата? Дали врз одлуката таа да биде вработена влијаеја интервјуата на нејзиниот татко Есад Рахиќ во Телма и на 24 Вести каде што ги застапуваше ставовите на СЈО?
3. Дали е точно дека во СЈО е вработена Катерина Рамбабова, чија мајка беше на кандидатска листа на СДСМ за минатите избори? Дали е тоа ќерка на судијата Миланчо Рамбабов од Штипскиот суд, за кого излезе афера дека имал членска книшка на СДСМ и наместо да биде разрешен во време на СДСМ бил унапреден во pретседател на судот?
4. Дали е точно дека е вработен Ѓорги Камчев од Кавадарци? Колку придонесе неговото учество во протестите на таканаречената Шарена револуција и насилството и вандализмот кој го практикуваа во наводна одбрана на СЈО за да биде одбран за вработување во институцијата?
5. Дали СЈО гледа некаков проблем во тоа што кадри на СДСМ на голема врата влегуваат во обвинителството и дали го сметате тоа за закана врз професионалноста и неутралноста која мора да ја имате?
Деновиве во јавноста беше актуелно вработувањето на внукoт од сестра на Катица Јанева. Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки.

gjorge-delidzakov-vnuk-katica-janeva

Непотизамот не е нешто ново за Јанева и нејзиниот тим. Во април годинава дневниот весник „Дневник“ објави дека во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски, како и уште неколку лица кои се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.

Понова практика е да се вработуваат деца на оние кои ги бранат ставовите на СЈО.

bernisa rahic

Таков е примерот со ќерката на Есад Рахиќ, Берниса Рахиќ, за која има информации дека е вработенa во СЈО. Есад Рахиќ е поранешен пратеник на СДСM и жесток поддржувач на СЈО.

 

По однос на останатите вработувања кои се непрофесионални и поврзани со непотизам е и вработувањето на Катерина Рамбабова. Нејзината мајка Даница Рамбабова на претходните избори беше кандидат за пратеник на СДСМ. Катерина е ќерка на Миланчо Рамбабов, зад кого стои аферата за партиска книшка од СДСМ и наместо разрешување, добил награда-унапредување во претседател на Судот.

Едно од најскандалозните вработувања во СЈО е вработувањето на Боки Бургија, кој зад себе има криминално досие.

borce-dizonska1-620x406

Боки Бургија е осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот, што очигледно не е пречка за Јанева, прекршител на законот да седи во институција која согласно закон треба да гони криминал.

На вчерашната прес-конференција на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска сепак не успеа да избегне одговор на ова прашање и мораше да одговори на прашањата кои и беа упатени во врска со Боки Бургија.

На прашањето дали лицето кое што е вработено е осудено и има одлежено затворска казна, Ристоска одговори:

-Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува.

За СЈО очигледно не преставува никаков проблем нивни блиски роднини, дел од нив без високо образование и осудувани криминалци да земаат големи плати и хонорари од СЈО. Наводно го бранат идеалот „транспарентност“ а при тоа континуирано газат врз него. За потсетување, покрај тоа што не одговараат на прашања по оваа тема, Катица Јанева пред Собранието одби да даде отчет пред јавноста за тоа каде и како СЈО троши огромни суми на пари од џебот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top