| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон очекува трето дете

Само една и пол година по раѓањето на принцезата Шарлота, војвотката Кетрин повторно е бремена. Веста за третата принова на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам прв ја објави магазинот „Лајф анд стил викли“.
„Кејт Мидлтон очекува трето дете“, пишува магазинот, а веста за приновата во кралското семејство засега не ја потврдиле нејзините членови, ниту Кенсинтонската палата.

Како што пишува магазинот, веста не ја одушевила сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, која смета дека уште едно кралско бебе ќе ја засени нејзината скорашна венчавка.

„Пипа е загрижена дека бременоста на Кејт ќе го засени нејзиното венчавање. Таа очајно сака фокусот да биде на неа, а не на трудничкиот стомак на нејзината сестра“, изјавил изворот на магазинот.

Поради ова постои можност Пипа да го одложи венчавањето сè додека на свет не дојде третото бебе на Кејт и na Вилијам.

Новата бременост донела и нови проблеми за војвотката. Според пишувањата на светските таблоиди, Кејт има четириесетина килограми, а причината за тоа се проблемите во бременоста.

Кејт не јадe доволно поради што загубила многу килограми. Поради грижата околу ќерката, нејзината мајка Карол Мидлтон се преселила на кралскиот имот за да може заедно со Вилијам да се грижат за неа и за нејзината здравствена состојба, за бременоста да помине во најдобар ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top