Млад кумановец, тежок зависник од дрога, за малку ќе ја расечел својата баба. За среќа, ја исекол само блузата, но веднаш потоа ја удрил.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за Н.К. (24) од Куманово за кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство.
На 10мај, околу 14 часот, во Куманово, на улица Солунска, во семејната куќа, пријавениот под дејство на наркотични дроги без повод и причина почнал да ги крши дрвените скали, а потоа со нож ѝ ја исекол блузата на неговата баба М.Ј. (81) и физички ја нападнал нанесувајќи ѝ телесна повреда. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот