| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ во интерес на кошарката лиценците за домашните играчи ги врати по старо

mkf

Кризата во мак-баскетот е близу до разрешница откако раководството на МКФ утрово ја обелодени својата одлука да ги врати старите такси за лиценци за домашни кошаркари. Цените за регистрирање на играчи од странство остануваат исти како со претходната одлука на УО, но за мотивција на развојот на домашните кошаркари и кошаркарки сменета е одлуката со која вредноста на „домашните лиценци“ порасна за неколку пати. Соопштението на МКФ го пренесуваме во целост.

„ Македонската кошаркарска федарација ги информира сите клубови свои членки дека во интерес на застапеноста и развојот на кошарката во Македонија, делумно ја сторнира одлуката донесена на Управаниот одбор на МКФ од 07.10.2016 година, која се однесува на висината на таксите за регистрација на кошаркари и кошаркарки во сите рангови на натпреварување, вклучувајќи ги и младите кошаркари.

Одлуката гласи, таксата за регистрација на домашните кошаркари и кошаркарки не се менува, останува иста како во сезоната 2015/2016, а останува на сила одлуката за висината на таксите за регистрација на странските кошаркари и кошаркарки.

Со оваа одлука сакаме да дадеме до знаење дека развојот на македонските кошаркари и кошаркарки, останува наш приоритет и за во иднина, а покажуваме и дека не сакаме да создаваме никакви проблеми во нормалното функционирање на клубовите.

Со ова сметаме дека целосно се надминати сите пречки за почетокот на домашните првенства во предвидените рокови, а стартот на Првата лига останува да зависи исклучително од прволигашите. И за што не гледаме наша вина за евентуалното не играње на Првата лига.

Оној што размислува и работи за развојот на кошарката во Македонија и ги почитува одлуките на Федерацијата оставаме сам да донесе одлука какви чекори ќе превземе понатаму со клубот кој го претставува.

Одлуката на Управниот одбор на МКФ донесена на последната седница 07.10.2016, која се однесува на таксите за регистрација на кошаркари и кошаркари ќе се применува од натпреварувачката сезона 2017/2018“.

Со оглед на фактот дека воопшто не е извршено делегирање јасно е дека кошарка викендов ќе нема, а Здружението на прволигаши во најскоро време ќе треба да се произнесе дали ги прифаќа овие промени, по што ќе биде јасно кога ќе стартува кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top