| четврток, 6 декември 2018 |

Народот ќе ѝ стави крај на деструкцијата – 63 пратеници за сигурна Македонија

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

По­ви­кот на ли­де­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски до ма­ке­дон­ски­от на­род за ма­сов­на под­др­шка на 11 де­кем­ври, ко­ја ќе ѝ до­не­се на пар­ти­ја­та 63 пра­те­нич­ки ме­ста, и агре­сив­ни­от старт со те­рен­ски актив­но­сти на ра­ко­водс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ пре­диз­ви­каа го­ле­ма па­ни­ка кај опо­зи­ци­ја­та, ко­ја сѐ уште се на­де­ва де­ка, не­за­вис­но од ис­хо­дот на из­бо­ри­те, ќе има га­ран­ти­ра­ни ми­ни­стер­ски ме­ста во но­ва­та вла­да со што по­втор­но би се до­гра­би­ла до власт без амин од гра­ѓа­ни­те, а се­то тоа би ѝ отво­ри­ло мож­ност за одр­жу­ва­ње на кри­за­та до не­дог­лед.

Во из­бор­на по­бе­да искре­но ве­ќе ни­кој не се на­де­ва во опо­зи­ци­ски­от блок. Нас­про­ти си­те ко­мич­ни јав­ни на­ста­пи на ра­ко­водс­тво­то на СДСМ во кои се оби­ду­ва­ат да го одр­жат мо­ра­лот кај членс­тво­то со смеш­ни нај­а­ви за не­ка­ква „си­гур­на по­бе­да“, нив­на­та ре­ал­на цел на прет­стој­ни­те из­бо­ри ќе би­де да се на­ма­ли раз­ли­ка­та што е мож­но по­ве­ќе за да мо­же да се оп­стру­и­ра фор­ми­ра­ње­то и функ­ци­о­ни­ра­ње­то на но­ва­та ле­гал­но из­бра­на власт. Тоа би зна­че­ло но­ви пре­го­во­ри, но­ви уце­ни и но­ва ште­та за др­жа­ва­та и за гра­ѓа­ни­те, но и про­дол­жу­ва­ње на по­ли­тич­ки­от жи­вот на За­ев и на Ше­ке­рин­ска, ба­рем до про­лет.

Оче­ку­ва­но и мно­гу про­вид­но, со ог­лед на фа­ктот де­ка опо­зи­ци­ја­та не­ма раз­ра­бо­те­ни про­е­кти и раз­вој­ни пла­но­ви со кои би ги при­до­би­ле гла­са­чи­те, во те­кот на из­бор­на­та кам­па­ња ја­зот од 200.000 гла­со­ви ќе го на­до­ме­сту­ва пре­ку Ка­ти­ца Ја­не­ва со за­си­лу­ва­ње на хај­ка­та про­тив ра­ко­водс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ, со лов на ал­бан­ски­те гла­со­ви ве­ту­вај­ќи дво­ја­зич­ност и фе­де­ра­ли­за­ци­ја, ка­ко и со ку­пу­ва­ње на под­др­шка­та на Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци га­ран­ти­рај­ќи функ­ции и пра­те­нич­ки ме­ста на из­бор­ни­те ли­сти. Во исто вре­ме, дес­ни­от опо­зи­ци­ски блок ќе има за­да­ча да „укра­де“ што е мож­но по­ве­ќе вмров­ски гла­со­ви и та­ка не­ка­ко опо­зи­ци­ја­та да се приб­ли­жат на ми­нус 100.000 гла­со­ви.

Со дру­ги збо­ро­ви, СДСМ не­ма да оди на по­бе­да, ту­ку ќе игра на кар­та што е мож­но по­мал по­раз за по се­ко­ја це­на да вле­зе во но­ва­та вла­да, ко­ја би би­ла ши­ро­ка или мал­цин­ска. Уште се­га За­ев со две ра­це би при­фа­тил по­раз од око­лу 100.000 гла­со­ви за да мо­же да ги ос­по­ри ре­зул­та­ти­те и вед­наш да ба­ра но­ви из­бо­ри. Во та­кви ус­ло­ви, ду­ри и да ус­пее не­ка­ко ВМРО-ДПМНЕ да фор­ми­ра вла­да со по­бед­нич­ка­та пар­ти­ја од ал­бан­ски­от блок, таа би би­ла се­ри­оз­но уце­ну­ва­на за от­стап­ки на ште­та на ма­ке­дон­ски­от на­род. На сме­тка на тоа, пак, ќе тр­пат еко­ном­ски­от раз­вој, на­ма­лу­ва­ње­то на не­вра­бо­те­но­ста и по­до­бру­ва­ње­то на жи­вот­ни­от стан­дард, а на­ро­дот ќе про­дол­жи да жи­вее под сил­на пси­хо­за и под по­сто­јан страв од но­ви конф­ли­кти, но­ви те­ро­ри­стич­ки на­па­ди, но­ви на­сил­ни про­те­сти…

За пос­ли­ко­ви­то да се опи­ше сце­на­ри­о­то кое тре­ба да нѐ во­ве­де во но­ва кри­за, до­вол­но е са­мо да фр­ли­ме око на по­стиз­бор­ни­те слу­чу­ва­ња во Цр­на Го­ра. Ми­на­то­не­дел­ни­те из­бо­ри во оваа бал­кан­ска др­жа­ва, кои исто та­ка тре­ба­ше да зна­чат сми­ру­ва­ње на по­ли­тич­ка­та кри­за, до­жи­ве­а­ја огром­но фи­ја­ско. Уште не­со­оп­ште­ни ре­зул­та­ти­те, зем­ја­та по­то­на во уште по­го­ле­ма не­ста­бил­ност. По­ра­ди тес­ни­от ре­зул­тат, и вла­ста и опо­зи­ци­ја­та се прог­ла­си­ја за по­бед­ни­ци об­ви­ну­вај­ќи ја спро­тив­на­та стра­на за из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти. Си­ту­а­ци­ја­та не ус­пеа да ја рас­чи­сти ни­ту цр­но­гор­ска­та Др­жав­на из­бор­на ко­ми­си­ја, ка­де што дој­де и до фи­зич­ка прес­ме­тка ме­ѓу чле­но­ви­те во оби­дот да се об­ја­ват пре­ли­ми­нар­ни­те ре­зул­та­ти од из­бо­ри­те.

Ма­ке­дон­ски­от на­род ќе ја из­бег­не зам­ка­та во ко­ја за­пад­наа Цр­но­гор­ци­те со тоа што на 11 де­кем­ври ќе из­во­ју­ва убед­ли­ва по­бе­да над кре­а­то­ри­те на цр­но­то сце­на­рио за рас­пар­чу­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја. По две го­ди­ни из­ма­чу­ва­ња, на­вре­ди, по­ни­жу­ва­ња, уце­ни, за­ка­ни, фи­зич­ки на­па­ди… ко­неч­но до­а­ѓа­ат пет­те ми­ну­ти на гра­ѓа­ни­те. Ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни же­сто­ко ќе ја каз­нат ан­ти­др­жав­на­та по­ли­ти­ка на За­ев, а на це­ло­то ра­ко­водс­тво на СДСМ ќе им ста­ват јас­но до зна­е­ње де­ка нив­но­то вре­ме одам­на исте­че и де­ка се не­по­жел­ни на по­ли­тич­ка­та сце­на.

Кол­ку и да ги не­ги­ра СДСМ ре­зул­та­ти­те од ан­ке­ти­те, си­те до­се­гаш­ни ме­ре­ња на јав­но­то мис­ле­ње ука­жу­ва­ат де­ка ВМРО-ДПМНЕ не са­мо што по­втор­но ќе ја до­бие до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те за да ја во­ди др­жа­ва­та, ту­ку и де­ка има ос­но­ва да се на­де­ва на убед­ли­ва по­бе­да, ко­ја би обез­бе­ди­ла 60 и по­ве­ќе пра­те­ни­ци. Осво­ју­ва­ње­то ап­со­лут­но мно­зинс­тво не са­мо што не е не­воз­мож­но, ту­ку е мно­гу ре­ал­но, со ог­лед на кон­ти­ну­и­те­тот во ос­тва­ру­ва­ње­то на ве­ту­ва­ња­та од стра­на на ВМРО ДПМНЕ, но и во аку­му­ли­ра­ни­от ре­волт од де­стру­ктив­но­ста на За­ев и на СДСМ.

За по­тсе­ту­ва­ње, ВМРО-ДПМНЕ во пар­ла­мен­тот од 2008 го­ди­на до 2011 го­ди­на има­ше 63 пра­те­ни­ци, до­би­вај­ќи ја до­вер­ба­та на то­гаш­ни­те пред­вре­ме­ни из­бо­ри од по­ве­ќе од 480.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни. Ре­чи­си иден­тич­на под­др­шка има­ше и на пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри во 2014 го­ди­на, но то­гаш овие гла­со­ви обез­бе­ди­ја „са­мо“ 61 пра­те­нич­ко ме­сто. И во два­та слу­чаи раз­ли­ка­та во од­нос на опо­зи­ци­ска­та СДСМ из­не­су­ва­ше над 200.000 гла­со­ви.

По­вто­ру­ва­ње­то на овие ре­зул­та­ти ќе зна­чат не са­мо по­твр­да на до­вер­ба­та во по­ли­ти­ка­та на ВМРО-ДПМНЕ, ту­ку и ре­фе­рен­дум­ско „да“ за ста­ва­ње крај на кри­за­та и на де­струк­ци­ја­та на СДСМ.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top