| четврток, 6 декември 2018 |

Со денови си го цртала силувањето: Поп силувал петгодишно девојче

Родителите сфатиле дека нешто не е во ред кога девојчето почнало да одбива да оди во црква. Набрзо потоа, ги пронашле вознемирувачките цртежи.

Свештеникот Хао де Силва (54) од Бразил е проведен минантата недела поради сомнеж дека сексуално злоупотребил петгодишно девојче.

Неколку месеци претходно девојчето одеднаш почнало да одбива да оди в црква и на часови по анаглиски, кои бесплатно ги држел попот во црквата. Колку што повеќе родтителите навалувале, имајќи предвид дека Бразил е многу религиозна земја и незамисливо е да не оди в црква, толку повеќе девојчето запаѓало во лоша психичка состојба. Загрижената мјака го одвела кај психолог, кој се посомневал дека девојчето е силувано и ја посоветувал мајката да пронајде некој знак за тоа.

Кога ја пребарала собата на детето, пронашла вознемирувачи цртежи. Девојчето цртало тажни девојче како лежи додека над него се ведне голм маж со насмевка. Тогаш родителите ги поврзале паничните напади на детето со свештеникот и го поријавиле случајот в полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top