Чоколадото, исклучиво темно, не е само омилен десерт туку и делотворен лек против кашлица, тврдат експретите од Кралскиот колеџ во Лондон и кралската „Бромптон болница“.
Доктор Питер Барнс објаснува дека одредени состојки можат да заменат многу лекови и сирупи а со тоа и да го подобрат квалитетот на животот бидејќи одамна е докажано дека темното чоколадо поттикнува лачење на хормонот на среќа.
Најефикасна во борбата против кашлицата е состојката теобромин која е речиси три пати поефикасна од кодеин кој лекарите најчесто го препорачуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.