| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Стратегијата на СДСМ е со разни сценарија да ја продолжат кризата затоа што знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните

Интензивно сме присутни во цела Македонија, целта ни е да разговараме директно со граѓаните за тоа во каква состојба се наоѓа Република Македонија и каде треба да се движи. Очигледно е со секој поминат ден дека има различен концепт, истакна денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по средбата која ја оствари со граѓаните од Пехчево.

-Концептот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е оној кој значи стабилност на државата, зачувување на унитарниот карактер, на уставното име и националниот идентитет на Македонците. Стабилноста на државата значи и економски напредок, создавање на индустриски зони, помагање на домашното стопанство, вработувања за граѓаните. Од друга страна сме соочени со политичка структура предводена од СДСМ во која е таканаречената Шарена револуција, СЈО кои нудат само деструкција, конфликти и дестабилизација на државата и рушење на институциите, вели Димовски.

Тој додава дека граѓаните многу лесно ја согледувале разликата и знаеле во каква опасност СДСМ ја носи Република Македонија.

-Единствено со цел да се приграбат до пратеник повеќе, за оваа дестабилизација која ја приредија продолжи да трае и во иднина. СДСМ се обиде да го блокира и носењето на буџетот на Република Македонија со цел таа криза и финансиски да продолжи, да не можат да се делат пензиите, платите на војската, полицијата, вработените во здравствениот, образовниот сектор, да не се делат субвенциите…Нивната стратегија не е да дојдат на власт затоа што знаат дека граѓаните не ги поддржуваат, туку со разни деструктивни сценарија да ја продолжат кризната состојба, посочи Димовски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека бараат масовна поддршка од граѓаните, бидејќи како што рече, единствена гаранција оваа криза да заврши е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да освојат целосно мнозинство во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top