| четврток, 6 декември 2018 |

Исполнето уште едно барање на граѓаните: Реконструиран патот од Делчево до планината Голак

Заврши реконструкцијата на регионалнинот пат од Делчево до планината Голак. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов, денеска го посетија овој регионален пат кој води до турустучкото место Голак.

– Комплетно е завршено асфалтирањето во должина од околу 12 километри, останува да се постават уште заштитните огради за да може да ја заокружиме комплетно целата реконструкција. Инвестиравме 1.33 милиони евра со што ќе придонесеме за подобар развој на туризмот и повторно заживување на Голак, изјави министерот Мисајловски.

Директорот на ЈП за Државни патишта истакна дека со реконструкцијата се успеало да се направи проширување на овој пат се со цел, како што рече, да се обезбеди поквалитетен и побезбеден сообраќај.

Тој додаде дека според договорот овој пат требало да се заврши за 12 месеци, но успеале да го завршат за 9 месеци.

Како дел од денешната посета на делчевскиот регион извршија и увид во рехабилитацијата на патот од Кочани до Делчево. Патот е со должина од 30 километри, а инвестицијата за неговата реконструкција изнесува шест милиони евра.

Овој пат е значаен за жителите од овој дел на Македонија и всушност беше едно од најголемите барања на жителите. Според надлежните рехабилитацијата се одвива според утврдената динамика и очекуваат да се се заврши во определениот рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top