Првиот папа кој го сменил своето име е папата Јован Втори во 533-тата. Роден како Меркурио не сакал да го користи своето име кое било во чест на паганскиот бог Меркур па го сменил во Јован. Следните папи се вратија на старата традиција и не го менуваа своето име се до 983-та кога Пјетро Канепанова стана папа. Тој не сакаше да го има истото име како првиот папа св. Петар па го смени името во Јован Четиринаесети. По неговата смрт папа стана Јован Петнаесети чие вистинско име беше Јован. После неговата смрт станува традиција папите да бираат име кое е различно од нивното цивилно име. Последен папа кој не користел алијас е папата Адриан кој бил на престолот во Ватикан во средината на четиринаесетиот век. Тој исто така бил последниот папа кој не бил од Италија се до 1978-ма. Би можело, а и не мора да ве интересира Сите папамобили на едно место Имињата папите ги бираат во чест на некој светец. Така папата Франциско го позајмил името од св. Францис од Асиси кој им помагал на сиромашните. Албино Лучијани кој станал папа после Јован Дваесет и трети и Павле Шести во нивна чест го зел името Јован Павле. Тој починал по само 33 дена како папа па неговиот наследник Полјакот Војтила во негова чест се именувал како Јован Павле Втори. Најпопуларно име меѓу папите е Јован. Тоа име го користеле 21 папа. Францис е едно од 44-те имиња кои се уникатни на листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


