| четврток, 6 декември 2018 |

Хистерија против Хан на „Павел Шатев“

По 15 ме­се­ци па­у­за, жр­тва на не­ин­вен­тив­на­та и мрз­ли­ва ма­ши­не­ри­ја на СДСМ, Со­рос и на УСАИД по­втор­но ста­на Јо­ха­нес Хан. „Ста­ра фин­та – но­ва бу­да­ла“ ве­ли ед­на улич­на при­ка­ска, а во овој слу­чај вто­ри­те се по­втор­но од опо­зи­ци­ја­та. При­ка­ска­та, де­фи­ни­тив­но, е ба­ја­та, а акте­ри­те во неа се исти и не­та­лен­ти­ра­ни. Ле­то Гос­по­до­во 2015, ме­сец ју­ли, се од­ви­ва­ше исто­то си­же, ду­ри и про­тив­ни­ци­те на Хан беа иден­тич­ни, ама „со­се­ма“... Во ме­ѓу­вре­ме им го­де­ше ста­вот на ЕУ, па му го ве­ли­чаа се­кој збор, а се­га ко­га дој­де и ја „из­бер­ба­ти“ про­фе­си­о­нал- ­но­ста на Ка­ти­ца, Хан пак ста­на не­при­ја­тел број еден. Втор­пат за евро­ко­ме­са­рот, ил­ја­ди­ти за ка­сап­ска­та глут­ни­ца про­фе­си­о­нал­ци и ју­риш­ни­ци. Де­вал­ва­ци­ја­та им е сред­но име...

Сѐ те­че, ни­што не се ме­ну­ва. Овие не­кол­ку збо­ро­ви де­тал­но го опи­шу­ва­ат не­ло­гич­но­то, кон­стант­но дејс­тву­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. По­точ­но, на СДСМ. За жал, ги опи­шу­ва и ко­га беа на власт. По­со­че­на­та дру­жи­на од „Па­вел Ша­тев“, пак, ни­ка­ко да со­бе­ре си­ли да про­ме­ни не­што. Ба­рем не­што. Ни­ка­ко. Га­рант и ло­ша­та тран­зи­ци­ја ја укра­ле од не­ко­ја дру­га др­жа­ва. По ефе­ктот за на­ро­дот, од Афри­ка, по тој за нив, од Јуж­на Аме­ри­ка. Но тие си ја зна­ат и чу­ва­ат тај­на­та за пре­пи­сот. Ед­но те исто, пее Рам­бо Ама­де­ус, а СДСМ со ра­дост при­ме­ну­ва. Па иа­ко го ис­про­ба­ле ле­кот и уви­де­ле де­ка са­мо им ја зго­ле­му­ва за­вис­но­ста од власт, а на­ро­дот го те­ра на блу­е­ње, тие упор­но го ко­ри­стат и го пи­јат ли пи­јат (не мис­ли­ме на порт­па­ро­лот на пар­ти­ја­та). И та­ка 25 го­ди­ни…

Ма­три­ца­та на не­ло­гич­но­то по­вто­ру­ва­ње и вр­те­ње во вол­шеб­ни­от круг на СДСМ оста­ну­ва стро­го на­ло­же­на од мрз­ли­во­ста и од нез­на­е­ње­то да се на­пра­ви не­што но­во. За да се стиг­не до не­го, пр­во тре­ба да ви „тек­не“ тоа не­што, да се ос­мис­ли, по­тоа да се ор­га­ни­зи­ра и на крај да се спро­ве­де. А тоа ба­ра труд, не го­лем, ама не­ка­ков. За­тоа, без­и­деј­ни­те мр­зе­ли­ви че­да со си­на крв воз­љу­бе­ни во БЦ и во­де­ни од За­ев, го па­тен­ти­раа по­ли­тич­ки­от ка­ми­ка­зе ме­тод „ко­пи-пејст“. Не­за­вис­но кол­ку и да е не­у­по­треб­лив, ште­тен и кон­тра­про­ду­кти­вен, ако не тре­ба да се вло­жи ни­што и тре­ба са­мо да се иско­пи­ра – тоа е тоа, се ко­ри­сти вед­наш и без од­ло­жу­ва­ње. Па не­ка е и ша­ре­на „ре­во­лу­ци­ја“. Фа­ктот што гра­ѓа­ни­те во де­та­ли го па­ме­тат прет­ход­ни­от иден­ти­чен и не­ус­пе­шен чин, не е ва­жен и е са­мо по­твр­да за пот­це­ну­вач­ки­от од­нос кон нив. Та­ка, се­га на­ро­дот не го пра­ват са­мо сто­ка, злат­на­та рип­ка не вле­гу­ва во таа ка­те­го­ри­ја. Не мо­жат ни да го сме­стат во тр­ло, им тре­ба аква­ри­ум. А исти­от тој на­род, пак, да ти имал го­ле­ма ма­на и да ти не­мал ме­мо­ри­ја што трае три се­кун­ди.

 

ЕУ не го кара Заев, еврокомесарот игра на своја рака?! Глупости…

Овој пат, по 15 ме­се­ци па­у­за, жр­тва на нив­на­та мрз­ли­ва ма­ши­не­ри­ја по­втор­но ста­на евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан. „Ста­ра фин­та – но­ва бу­да­ла“ ве­ли ед­на улич­на при­ка­ска, а во овој слу­чај вто­ро­то е по­втор­но опо­зи­ци­ја­та, де­ка при­ка­ска­та, де­фи­ни­тив­но, е ба­ја­та, а акте­ри­те во неа исти и пре­поз­нат­ли­ви. Ле­то Гос­по­до­во 2015, ме­сец ју­ли, се од­ви­ва­ше ко­пи­ра­но­то си­же, ду­ри и про­тив­ни­ци­те на Хан беа исти, ама „со­се­ма“… Кла­сич­ни­от со­ци­јал­де­мо­крат­ско-со­ро­со­и­ден прин­цип на де­вал­ва­ци­ја на лич­но­ста се вклу­чи за­ед­но со цр­ве­на­та свет­ли­на во се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та. Или пр­во се вклу­чи во ФИООМ? Или, се­пак, на еден скоп­ски ам­ба­са­дор­ски рид?! Неј­се, ка­ко и да е, ста­ну­ва збор за кла­си­чен од­бран­бен ме­тод на СДСМ. Ре­цепт. Се­ко­гаш ко­га ќе по­чув­ству­ва­ат и нај­ма­ла опас­ност од не­ко­го, алар­мот ги бу­ди нив­ни­те ју­риш­ни­ци, ед­на те иста глут­ни­ца ме­ди­ум­ско-екс­перт­ски кр­во­пиј­ци, кои без проб­лем, и не да Бо­же со­вест, се пу­шта­ат во бес­по­ште­ден (не и бесп­па­тен) крв­нич­ки про­гон на опре­де­ле­на­та жр­тва. Ма­кар бил и евро­ам­ба­са­дор. По­че­сто се по­ли­ти­ча­ри, про­фе­со­ри, но­ви­на­ри, се­кој што не од­го­ва­ра на из­мис­ле­на­та ка­у­за.

Хан, пак, има чест втор­пат да би­де жр­тва на глут­ни­ца­та. Вто­ра ста­ти­ва. Пр­ви­от пат, пред 15 ме­се­ци, ги воз­не­ми­ри со на­пи­ша­но­то на „Тви­тер“ по пре­го­во­ри­те ка­де што го по­со­чи ви­нов­ни­кот за не­ус­пе­хот. „Мно­гу сум раз­о­ча­ран од не­до­сти­гот од од­го­вор­ност и од ли­дерс­тво од стра­на на не­кои“, на­пи­ша то­гаш евро­ко­ме­са­рот, а Вајгл го до­об­јас­ни. Си­те сфа­ти­ја де­ка проб­ле­мот, впро­чем, ка­ко и се­ко­гаш, се ви­ка Зо­ран За­ев, а тоа страш­но ги по­го­ди про­фе­си­о­нал­ни­те но­ви­на­ри. По­вре­де­ни­те су­е­ти, а по­ве­ро­јат­но и џе­бо­ви на „про­фе­си­о­нал­ци­те“ то­гаш ги на­те­раа да му из­ва­дат на Хан пет­па­рач­ка и смеш­на афе­ра за не­го­ва вме­ша­ност во биз­нис со ВМРО-ДПМНЕ и со ка­зи­на­та „Но­во­ма­тик“. За­мис­ле­те, пред мно­гу го­ди­ни Хан да ти бил член на управ­ни­от од­бор на оваа фир­ма. Тол­ку „ко­му­њар­ски“ и под па­зу­ви, но во тој мо­мент средс­тва­та на не­до­вет­ни­те про­фе­си­о­нал­ци ги оправ­ду­ва­ше ток­му цел­та на пер­е­ње­то на из­во­рот на фи­нан­си­ски средс­тва, ча­дор тол­ку мно­гу по­вр­зан со ли­де­рот ко­му му обез­бе­ди и „бом­би“, по­мош­ни­ци ка­ко Ве­ру­шев­ски и што ли уште не. Ар­но ама, то­гаш бе­до­ти­ја­та од афе­ра на По­пе­трев­ски, сил­но под­др­жа­на и про­дол­же­на од Бла­жев­ска, на­и­де са­мо на потс­мев. За­луд­ни беа на­по­ри­те на Со­ро­со­ви­те че­да за мул­тип­ли­ци­ра­но ли­фе­ру­ва­ње на нив­ни­те мис­ли и тек­сто­ви. Ста­во­ви­те на „не­и­ме­ну­ва­ни­те“ дип­ло­ма­ти за­вр­ши­ја во ве­те­рот. Не во ете­рот. На бу­ни­ште, за­тоа што беа прем­но­гу ми­зер­но по­кре­пе­ни за да ги пре­зе­мат ду­ри и нив­ни­те исто­мис­ле­ни­ци. Ни­е­тот бе­ше ед­но­ста­вен и про­ѕи­рен – са­каа да прет­ста­ват де­ка еден евро­ко­ме­сар на сво­ја ра­ка има сим­па­тии кон ед­на стра­на и де­ка си пра­ви што са­ка. То­гаш, тоа не бе­ше ста­вот на ЕУ. Не, Бри­сел бе­ше ап­стра­хи­ран, не­ма­ше по­им што пра­ви нив­ни­от евро­ко­ме­сар во Ма­ке­до­ни­ја и не­го­ви­от по­тег не бе­ше на­ло­жен од вр­ху­шка­та на ЕУ за дис­цип­ли­ни­ра­ње на За­ев. Не. Ама ај­де…

analiza216-han-vo-makedonija-2

Дежави: Ги здоболи Катица и Хан пак стана апаш

То­гаш, при­ка­ска­та за Хан ис­чез­на ка­ко и што дој­де. Ја сне­ма за миг, а ни­ту еден „про­фе­си­о­на­лец“ ве­ќе не ги ни спом­на па­те­тич­ни­те ин­си­ну­а­ции. Чу­му? Па Хан се „вра­ти“ на ви­стин­ски­от пат. Да, во ме­ѓу­вре­ме, ЕУ, нај­ве­ро­јат­но, сил­но по­ве­де­на од сво­јот парт­нер и ча­дор, го свр­ти ли­стот и про­дол­жи со при­ти­сок врз вла­де­јач­ки­те пар­тии. И та­ка на­ед­наш, Хан по­втор­но ста­на свет­ли­на­та на кра­јот на ту­не­лот, неж­на­та ра­ка на ЕУ, ко­ја нѐ во­ди кон ра­јот, ед­но­став­но – све­тец.

Оре­о­лот над не­го­ва­та евро­ко­ме­сар­ска гла­ва, се­пак, има­ше кус рок на тра­е­ње. Овој пат, се по­ка­жа де­ка про­фе­си­о­нал­ци­те му одре­ди­ле 15-ме­сеч­на упо­тре­ба. Ни по­мал­ку, ни по­ве­ќе. Све­то­ста на ка­жа­но­то и на сто­ре­но­то од Хан мо­же­ше да по­ми­не са­мо до мо­мен­тот ко­га Ав­стри­е­цот по­втор­но удри по со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Овој пат бе­ше и по­без­бол­но, со за­шти­та и лу­бри­кант. Ве­ро­јат­но по­у­чен од ми­на­то­то, Хан се­га не иска­ра ди­рект­но ни­ко­го, ба­рем не од вр­ху­шка­та. Да, се­га не ка­жа кон­кре­тен лош збор за За­ев. Ни­ту за Ра­да. Нај­мал­ку за Ши­ле­гов. Сѐ се од­не­су­ва­ше за си­те за­ед­но, во­оп­ште­но. Но гре­вот на Хан се­га бе­ше уште по­го­лем, по­стра­шен, не­ба­ре ма­сакр во очи­те на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Ве­ру­ва­ле или не, но еден евро­ко­ме­сар се ос­ме­ли да ја на­вре­ди нив­на­та спа­си­тел­ка (ба­рем се на­де­ва­ат де­ка е), же­на­та во ко­ја се кр­стат си­те, ду­ри и ша­ре­ни­те ате­и­сти. Тој исти­от Хан, кој пред 15 ме­се­ци бе­ше до гу­ша во вмров­ски сре­бре­ни­ци од ка­зи­на­та на „Но­во­ма­тик“, се­га си доз­во­лу­ва да ги из­бер­ба­ти Ка­ла­ми­ти Ја­не­ва и неј­зи­ни­те не­до­вет­ни че­да и да ја на­со­чи да ра­бо­ти про­фе­си­о­нал­но и не­при­страс­но!? И до­де­ка си­те оче­ку­ваа тој да им „да­де крил­ја“ со спе­ци­ја­лен суд и да го зго­ле­ми „ро­кот на тра­е­ње“ на СЈО за два-три ве­ка, Хан ги раз­о­ча­ра и ги иска­ра об­је­ктив­ни­те и не­при­страс­ни Ка­ти­ца, Лен­че и Фа­ти­ме? Не­ве­ро­јат­но, прем­но­гу си доз­во­ли Хан со збо­ро­ви­те: „Зна­чај­но е да се га­ран­ти­ра де­ка СЈО мо­же да ра­бо­ти не­за­вис­но, не­при­страс­но, но, од дру­га стра­на, и да би­де про­фе­си­о­нал­но. Сме­там де­ка е зна­чај­но тоа да ги иско­ри­сти си­те мож­но­сти што ги има и да се ви­ди крај­ни­от ре­зул­тат, но, исто та­ка, да не се ин­тер­ве­ни­ра во тоа што го ра­бо­ти и да не се зло­у­по­тре­бу­ва“, ре­че Хан, а опо­зи­ци­ски­те про­фе­си­о­нал­ни ме­га­фо­ни пет де­на до­об­јас­ну­ваа де­ка евро­ко­ме­са­рот по­втор­но за­бе­гал, та де­ка бил двос­мис­лен, та де­ка пак фа­тил стра­на на Гру­ев­ски, та де­ка ЕУ не са­ка де­мо­кра­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку САД се тру­де­ле за тоа?!

Пос­лед­но­то, ка­жа­но од еден „не­за­ви­сен“ пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, кој ми­лу­ва на­ро­дот да го на­ре­ку­ва „сто­ка“, а се­га е во убе­ду­вач­ка ми­си­ја кај „ша­ре­ни­те“ и ги ла­же со пра­те­нич­ки ме­ста за „да по­бе­де­ле“,го до­об­јас­ни со збо­ро­ви­те: „Евро­ко­ме­са­рот Хан по сопс­тве­на ви­на се де­фа­кто­ри­зи­ра­ше и ги за­гу­би кре­ди­бил­но­ста и вли­ја­ни­е­то врз ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка“. И точ­ка. Та­ка Хан по­втор­но ста­на кра­дец и сре­бро­љу­бец, ав­стри­ски биз­нис­мен што ги про­да­де ма­ке­дон­ска­та сло­бо­да и прав­да. Ве­ќе не е фа­ктор, ни­ка­ков. Па­те­ти­ка, не­из­мер­на и гр­да, на­стра­на не­ин­вен­тив­на. Со­ци­јал­де­мо­крат­ско де­жа­ви, ин­фан­ти­лен од­бран­бен ме­ха­ни­зам или уште еден одраз на во­ста­но­ве­ни­от Пав­лов реф­лекс? Па исти­те до­бро на­фа­ти­ра­ни че­да без раз­мис­лу­ва­ње се „пра­шаа“ ка­де чул тој за не­про­фе­си­о­нал­но­ста на Ка­ти­ца, во бе­ли­от дво­рец на ВМРО-ДПМНЕ ли, ка­де доз­нал де­ка СЈО се зло­у­по­тре­бу­ва? Ка­де? „Па на ули­ца бре иди­о­ти, и врап­чи­ња­та го зна­ат тоа“ на­пи­ша еден искрен при­ја­тел на со­ци­јал­ни­те мре­жи. И го „бом­бар­ди­раа“, ве­ќе нор­мал­но и оче­ку­ва­но, исти­те со­ци­о­па­ти вмре­же­ни во сказ­ни­те смис­ле­ни на „Па­вел Ша­тев“. И кон­ста­ти­раа: „Зна­чи, Хан пак одра­бо­ту­ва за вла­ста?“ Да, одра­бо­ту­ва. Аман мом­ци, ба­рем смис­ле­те не­што но­во, до­вол­но ве пла­ќа­ат. Пла­те­те да смис­лат де…

 

Проблемот да ти бил во изборите?

Бол­ка­та од не­да­ва­ње­то амин за спе­ци­јал­но од­де­ле­ние во су­дот, сил­на жел­ба на СДСМ во­ста­но­ве­на од 1945 го­ди­на, одек­на сил­но и тра­ур­но. Уште по­дра­ма­тич­но го при­фа­ти­ја ка­ра­ње­то на Ка­ти­ца и по­фал­ба­та на ме­ди­у­ми­те и на ДИК, но дла­бо­ко во ду­ша­та нај­гр­до ги жег­на еден мо­мент. Хан не спо­ме­на ни­ка­ква шан­са за од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те. Во вре­ме ко­га вр­ху­шка­та на СДСМ се ју­на­че­ше и „пер­че­ше“ по гра­до­ви­те со по­ра­ка­та „но­си­ме про­ме­на на 11 де­кем­ври“, а дла­бо­ка во ду­ша­та пре­ку фа­ци­јал­на­та екс­пре­си­ја по­ка­жу­ва­ше „аман, ај­де трет­пат да ги од­ло­жи­ме!“, по­врат­ни­кот кон сре­бро­љу­би­е­то Хан не отво­ри мож­ност за од­ло­жу­ва­ње. Ни­ка­ква. На­стра­на тоа, ту­ку им по­ра­ча на си­те да вни­ма­ва­ат и по из­бо­ри­те. Во пре­вод – „не­мој да ви тек­не пак да не ги приз­на­ва­те!“ А тоа бо­ли. По те­жок по­раз, уште и вр­за­ни ра­це за не­приз­на­ва­ње и за акти­ви­ра­ње „ша­ре­ни“ или ка­кви да е по­стиз­бор­ни „ре­во­лу­ции“. И та­ка Хан до­би нов црн пе­чат во па­со­шот од СДСМ и ста­на пер­со­на нон гра­та. Ав­стри­е­цот, кој по­втор­но, за­мис­ле­те, без ни­ка­кви кон­сул­та­ции од ЕУ дој­де и ја из­бер­ба­ти опо­зи­ци­ја­та и спа­си­тел­ка­та Ја­не­ва. Сра­мо­та.

Абе ај­де, кој ве­ќе ги ку­пу­ва овие „евти­ни при­ка­ски“. За­ев, пак, ста­на Та­ран­ти­но, или ба­рем по­са­ка. По­ве­ро­јат­но Мил­чин. Но ме­сто тој филм, на 11 де­кем­ври „ка­сап­ски­те ку­чи­ња“ ќе тре­ба да го из­вр­ту­ва­ат по­ра­зот на „нес­лав­ни­те ко­пи­ли­ња“, со на­деж де­ка во ме­ѓу­вре­ме или „од са­мрак до зо­ри“, опо­зи­ци­ски­те про­фе­си­о­нал­ни стрип­ти­зе­ти не­ма од ма­ка да се раз­о­ткри­јат и из­да­дат де­ка се кр­во­пиј­ци, кои во на­ши­от слу­чај, па­ра­лел­но со ци­ца­ње­то на цр­ве­на­та теч­ност мо­ра­ат и да из­вр­ту­ва­ат за да ег­зи­сти­ра­ат. По­ве­ро­јат­но тоа, се­пак, ќе се слу­чи, но овој пат гло­го­ви­от ко­лец ќе има фор­ма на из­бо­ри. Да. Ќе ги уни­штат гла­со­ви, ама не од под­зем­је­то, ту­ку на лив­чи­ња и во ку­тии…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 216. број на неделникот „Република“, 21.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top