Познатиот аргентински тенисер Хуан Монако и неговата девојка, манекенката Пампита Ардохан, се фотографирале целосно голи и тие фотрографии некако завршија на интернет.
Хуан и Пампита направиле неколку селфи фотографии пред огледало, внимателно покривајќи ги „стратешките делови“ на телата. Откако фотографиите го преплавија интернетот, Пампита се огласи на „Твитер“.
-Што се однесува до фотографиите кои се вртат на интенет, сакаме само да ви кажеме дека тие не се автентични. Ве молам, немојте повеќе да користите фотошош – напиша манекенката.
Додека некои тврдат дека навистина станува за монтажа, има и други кои сметаат дека 32-годишниот тенисер намерно ги пуштил фотографиите заради публицитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.