| четврток, 6 декември 2018 |

Сале Мутавиот пред смртта купил блиндиран автомобил, но не стигна да го користи

sale

Водачот на навивачите на Партизан, Александар Станковиќ, непосредно пред убиството купил црн блиндиран автомобил. Тој знаел што му се спрема, но за време на ликвидацијата не се возел во блиндиран, туку во обично „ауди А6“. Српската полиција сѐ уште испитува кој стои зад убиството на Сале Мутавиот, но сите показатели одат кон тоа дека тоа е дело на црногорската мафија поради долг со препродажба на кокаин.

sale2

Истрагата дополнително ја отежнува и тоа што телохранителот на Сале, кој бил со него за време на нападот, доживеал срцев удар и не може да му се постават сите прашања околу убиството.Сепак последните информации говорат дека телохранителот Милорад Ѓуриќ излегол од кома и наскоро ќе го даде својот исказ на полицијата, која можеби ќе даде насока кој е вистинскиот виновник за убиството на Сале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top