Можеби полесно од предвиденото Барса го совлада Манчестер Сити, а првакот на Шпанија ја потврди целосната доминација над клубовите од Премиер лигата и оваа и минатата сезона. Тренерот на победничката екипа Луис Енрике го анализираше триумфот со посебен ефект на играчот на натпреварот, Лео Меси.
„Никој не се сомнева во Меси, тој што се сомневаше не е доволно упатен. Мечот беше полн со многу работи, многу грешки, многу подароци повреди, картони. Но, тоа не значи дека ќе ни биде лесно во Англија. Манчестер Сити е квалитетна екипа и тоа и вечерва ни го покажа. Тие се екипа која постојано го менува системот на игра, местата на фудбалерите и тоа создава проблеми за секоја одбрана, па и за нашата. Нема да ве лажам, загрижен сум за повредените фудбалери, утре ќе се знае повеќе за тоа“, заврши Луис Енрике.
Трет меѓусебен дуел на Луис Енрике и Пеп Гвардиола и втора убедлива победа без примен гол за тренерот од Астурија, кој пред две сезони славеше против Каталонецот со 3-0 во првото полуфинале на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Баерн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.