| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола разочаран: По црвениот картон за Браво, приказната беше завршена

pep

Манчестер Сити е во серија слаби резултати и дури четири средби е без победа.

Сепак, чашата ја прели синоќешниот пораз во ЛШ од Барселона од 4-0. При резултат 1-0 за Барселона црвен картон заработи голманот на гостите Клаудио Браво, што, според тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, бил клучен момент на натпреварот.

– И Браво како и јас е разочаран. До тој момент бевме конкурентни, креиравме шанси, но со црвениот картон дојде крајот на приказната – изјави Гвардиола.

По 3 кола „граѓаните“ се на второто место во групата Ц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top