| четврток, 6 декември 2018 |

Комерцијална банка добитник на две значајни признанија

„Trade Finace Forum“  во Истанбул, на  „Комерцијална банка АД Скопје“ и додели наградата за  Подршка на надворешната трговија и унапредување на меѓунардоната трговија во глобални рамки.

Наградата се доделува еднаш годишно, а се однесува на обемот и квалитетот на акредитиви и гаранции издадени од страна на Комерцијална банка АД Скопје. Банката е деветти пат добитник на оваа награда и е најактивен учесник во програмата на EBRD TFP (Trade Facilitation Programme) за унапредување на меѓународната трговија на РМ во глобални рамки.

Исто така Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, на „Годишната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013“ во организација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, била наградена со Плакета за прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2012 година.

Комерцијална банка АД Скопје во текот на целата 2012 година, оствари вкупен промет со хартии од вредност од 1.969.763 илјади денари (32.029 илјади EUR) или пазарно учество од 17,88 % од вкупно остварениот промет на берзата.

Во вкупниот број на трансакции (14.951) кои се остварени на Македонската берза за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје оствари (2.547),односно учествува со 17,03 % во вкупниот број на реализирани трансакции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top