| четврток, 6 декември 2018 |

Tурција втор најголем извозник на телевизиски серии во светот

Турција е најголемиот извозник на телевизиски серии во светот по САД, изјави претседателот на Истанбулската трговска комора, Ибрахим Чаглар, на прес-конференцијата во Кан, во рамки на 32-то издание на Меѓунардониот саемот за телевизиски, видео, кабелски и сателитски филмови и програми.

Како што објави турскиот весник „Дејли Сабах“, Чаглар истакна дека во Турција неделно се снимаат по околу 50 телевизиски серии.

– Турција е втор најголем извозник на телевизиски серии во светот, по САД, истакна тој.

Според него, турските серии во моментов се емитуваат во повеќе од 100 земји ширум светот.

Лани од продажба на серии во странство, турските продуцентски куќи заработиле 350 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top