| четврток, 6 декември 2018 |

Саманта и го упропасти животот – Ким Катрал ја отвори душата

kim

Колку и улоги да има зад себе, сите ја знаеме како отворена и помалку нападна Саманта, а Ким Катрал вели дека токму таа улога и го уништила животот.

-Улогата на Саманта за почеток ме чинеше брак, бидејќи никогаш не бев дома. Поради тоа сопругот ми беше осамен и љубоморен. Беше баш, баш тешко – рекла славната актерка (60) која била омажена за аудио инженер во периодот од 1998 до 2004 година, токму во време на снимањето и емитувањето на една од најпопуларните серии „Сексот и градот“.

После разводот, улогата на Саманта продолжила да ја прогонува, бидејќи мажите со кои излегувала очекувале таа да биде токму како тој лик.

-Тоа е меч со две острици. мислам дека доживувањето на мене како Саманта во една рака е комплимент, а од друга страна погрешно, бидејќи приватно јас воопшто не сум таква – вели Ким.

kim2

Инаку Ким во времето кога ја играше Саманта имаше 41 година, а и денеска по две децении работи со полна пареа, но по се изгледа ликот на Саманта ќе ја одбележи нејзината кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top