| четврток, 6 декември 2018 |

Долги аплаузи за Емилија Потевска Попивода и Бранко Павловски во Софија

Долги аплаузи и бис измамија македонските музички уметници Емилија Потевска Попивода и Бранко Павловски пред полниот салон на музичкиот центар “Борис Христов”, вчера вечер во Софија.

duovvvv

На програмата насловена како “Џез импресии” за пијано и кларинет, беа изведени “Рапсодијата во сино” од Џорџ Гершвин, “Историјата на тангото” од Астор Пјацола, “Сонатата” од Леонард Бернштајн и посебно впечатливата интерпретација на “Кончертино” од Анте Гргин.

duoxxxyyyzzzz

На концертот освен претставници од дипломатскиот кор, беа присутни и бројни угледни бугарски и странски музички уметници. Во име на Амбасадата на Р,.Македонија во Софија, познатите македонски уметници ги поздрави и претстави директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров.

Концертот беше дел од годишната програма на центарот за 2016 година и финансиски беше поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top