| четврток, 6 декември 2018 |

Тијаго Силва во јануари го напушта ПСЖ

thiago-silva_3052363

Бразилскиот стопер Тиаго Силва во јануари најверојатно ќе ја напушти екипата на ПСЖ. Неговиот агент Пауло Тонието потврди за француските медиуми дека 32-годишниот Тиаго Силва сериозно размислува да го напушти парискиот тим во јануари. Тој потврди дека Бразилецот веќе и добил неколку понуди, а со оглаед на тоа што договорот со парижаните му истекува на лето, зимскиот преоден рок е последната шанса ПСЖ да добие некаква оштета за стоперот.

– Многу е важно работите со ПСЖ да бидат јасни до крајот на декември. Силва сака да прифати некој нов предизвик во својата кариера и веќе четири клубови покажаа интерес за неговите услуги. Морам да кажам дека тоа се врвни клубови и ние би сакале да започнеме преговори со нив што е можно поскоро, порача агентот на Тиаго Силва.

Стоперот има договор со ПСЖ до крајот на оваа сезона, но јасно порача дека нема намера да го продолжи. Челниците на парискиот клуб наводно биле подготвени да го продадат Бразилецот во јануари и да заработат барем нешто од неговата продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top