Инстаграм денови воведе нова опција која би можела да спасува животи.
На оваа популарна платформа тинејџери неретко објавуваат постови за депресија, нарушување во исхраната и други проблеми кои спаѓаат во доменот на психичкото здравје. Токму поради тоа, Инстаграм воведе опција каде можете да пријавите пост на лице за кое сметате дека би можело да биде во опасност.
Потоа, Инстаграм на тоа лице ќе му испрати порака за да му понуди помош преку совети и контакт центари. Исто така, ако во пребарувачот впишете #ImNOtOk, Инстаграм и на вам ќе ви понуди опција за помош.
– Некој го виде твојот пост и мисли дека минуваш низ тешки моменти. Ако ти е потребна поддршка, ние сме тука да помогнеме, гласи пораката, а некои од опциите кои се нудат се разговори со пријател, контакт со СОС линија и некои предлози околу проблемите. Постовите се пријавуваат целосно анонимно.
Марк Цукенберг, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, новата опција ја изработи во соработка со неколку американски национални асоцијации за ментално здравје, со цел на неговите корисници да им укаже дека менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Херој од нашето маало: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка
-
Охриѓанец на Инстаграм објавил експлицитни слики од 18-годишна девојка
-
Џеј Ло и Алекс Родригез се подготвуваат за првиот заеднички Божиќ!
-
Не е пејач, ниту актер : Даниел е најпопуларниот Македонец на Инстаграм (фото)