Времето во Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во северните и западните делови. На највисоките планински врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег. Локално вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 20 л/м2.
Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне претежно облачно и суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 14 степени
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повтроно се очекуваат во петок и во сабота. Од недела ќе преовладува стабилно и релативно топло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.