Македонските репрезентативци во редовите на Барселона, Кире Лазаров и Борко Ристовски беа најзаслужни за новата победа на нивниот тим во рамките од осмото коло во АСОБАЛ-лигата. Пред Каталонците падна Вила де Аранда, против која шампионот славеше со 36-28 (19-8).
Барселона во ниту еден наврат од мечот не му дозволи на противникот да биде конкурентен, а Лазаров го заврши дуелот со вкупно шест постигнати гола и две асистенции и беше најефикасен на средбата заедно со Сориандо, кој исто така постигна шест гола. Борко Ристовски, пак, бранеше само во второто полувреме и зад своето име нанижа десет интервенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.