Албанскиот премиер Еди Рама изрази уверување дека можноста за обединување на Албанија и Косово припаѓа на минатото, пренесе Танјуг.
Рама го изјавил тоа вчера во интервју за „Ал Џазира“ запрашан за можно обединување на Косово и Албанија.
– Тоа никогаш не било наша цел бидејќи силно верувам дека „Голема Албанија“, „Голема Србија“ или што било друго „големо“ е дел од минатото. Тоа никогаш не било опција, тоа едноставно припаѓа на минатото – изјавил Рама.
На прашањето зошто за албанскиот премиер е важно Белград да ја признае независноста на Косово, Рама истакнал дека тоа е многу важно за луѓето, како за граѓаните на Албанија, така и за косовските Албанци и Срби, наведуваат косовски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.