| четврток, 6 декември 2018 |

Само фер кампања и избори на 11 декември ќе ја извлечат Македонија од криза

Изборите на 11 декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.

– Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети – рече Жбогар.

Посочи дека меѓу нив се и подобрувањето на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top