| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за силување на 19-годишна девојка

Полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава против 19-годишниот Р.Х. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека извршил силување.

Него му е одредена мерка притвор во траење од осум дена и пренесен е во општинскиот затвор во Битола.

Тој се сомничи дека на 6 овој месец со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба 19-годишната А.С. од Кичево. Тој ја нападнал девојката од зад грб и ја соборил на земја, но откако не успеал во намерата, избегал.

– Во консултации со јавен обвинител, Полициската станица од Кичево ги презеде неопходните мерки за пронаоѓање на сторителот. На 13-ти овој месец, Р.Х. е лишен од слобода, а потоа во присуство на јавен обвинител извршено е соочување со пријавениот и негово препознавање од страна на оштетената девојка, информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top