Стручен тим на Конзерваторскиот центар – Скопје ќе изврши увид и ќе ја утврди состојбата на уметничкото дело, по што Министерството за култура ќе преземе мерки за обнова на муралот на Борко Лазeски во опожарената Македонска пошта во Скопје.
– Се врши увид во зградата на Македонска пошта од страна на истражните органи за утврдување на причините за пожарот и поради тоа влезот во објектот е забранет. Во меѓувреме, Конзерваторски центар – Скопје упати барање до управата на Македонска пошта да му овозможи влез во објектот на стручниот тим за да ја утврди состојбата на уметничкото дело – информира Министерството за култура.
Откако ќе добие дозвола за увид од управата на Македонска пошта, тимот треба да го утврди степенот на оштетување и да предложи превентивни мерки за заштита на муралот, кој се смета за монументално дело на доајенот на македонското сликарство Борко Лазeски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.