Изгоре покривната конструкција на стариот магацин, кој се наоѓа во непосредна близина на Железничката станица во Штип.
Командирот на Територијалната противпожарна единица- Штип Благој Ренџов изјави дека синоќа 11 пожарникари со две противпожарни возила го гаснеле пожарот во стариот магацин.
– Се работи за опожарена покривна конструкција. Пожарот е ставен под контрола. Дежерна екипа до раните утрински часови беше на објектот, со цел да се контролира и да се догаси. Материјалната штета надлежните институции ќе ја утврдат, рече Ренџов.
Тој истакна дека на местото излегла и екипа на крим техника од СВР-Штип, која треба да ги утврди причините за пожарот. Во објектот се чувале стари предмети на Македонски железници, а штетата од пожарот е само на покривната конструкција.
– По пожарите на отворено, ова ни е прва интервенција на објект, рече Ренџов.
Штипските пожарникари според евиденцијата во текот на оваа година интервенирале на околу 220 пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.