Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска на пладне ќе потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.
Претходно, како што соопшти кабинетот на Вељаноски, тој ќе има средба со претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.
Распишувањето на изборите е овозможено по вчерашното распуштање на македонскиот парламент.
Со 110 гласови „за“ пратениците вчера попладне ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, со што се овозможува одржување предвремени парламентрани избори на 11 декември, во согласност со договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.