| четврток, 6 декември 2018 |

Еврото пред колапс, фатална грешка на Централната банка

Проектот за заедничка европска валута е неодржлив во сегашната форма и само што не пропаднал, предупредува неговиот главен архитект

Професорот Отмар Исинг, првиот главен економист на Европската централна банка (ЕЦБ) предупредува дека еврото не може да ја преживее оваа верзија. Тој предупредува и дека ЕЦБ стана опасно пренапрегната во обидот да управува со 19 различни стопанства кои ја користат заседничката валута. Тој го споредува овој систем со кула од карти, која еден ден само ќе се распадне, вели тој.

-Реално, тоа ќе биде повлекување, борба од една криза до друга. Тешко е да се предвиди колку ќе потрае, но не може да трае вечно, вели тој.

Според него, ЕЦБ направила фатална грешка кога се согласила да ги извлекува државите во банкорот како Грција и Ирска.

Подобро решение, вели тој, ќе било Грција да се исфрлела од евро-зоната и да ѝ се пружи великодушна поддршка откако ќе ја обнови стабилноста на курсот на драхмата.

-Пактот за стабилност и раст пропадна, горе-долу. Интервенциите на ЕЦБ ја елиминираа пазарната дисциплина. Затоа нема фискална контрола на механизмите ни од страна на пазарот ни од страна на политиката. Ова ги има сите предуслови за катастрофа на монетарната унија, смета Исинг.

Песимистичкиот заклучок на професорот Исинг е дека нема решение за проблемите на монетарната унија без формирање политичка унија, што е малку веројатно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top