Никогаш не букирајте лет во сабота. Обично во сабота цените на билетите се највисоки. Иако единствено тогаш имате време да си ги организирате патувањата, за да го избегнете ова постојат издржани причини. Авионските компании следат неделен систем на цени и може да им изгледа збунувачки и фрустрирачки на патниците што не знаат како функционира.
Системот се применува без разлика дали резервирате месеци или недели однапред. Неговите почетоци датираат од времето кога за резевација луѓето барале услуга од туристичките агенции достапни од понеделник до петок во работно време.
Иако сега најчесто се букира на интернет, системот е сѐ уште ист. Во тоа време надлежните за цените ги гледале достапните летови во понеделник за да знаат за што да направат подобра понуда во текот на неделата. Ако има многу непродадени билети на почетокот од неделата, цената се спушта.
Авионските компании секогаш нудат најниски цени на летот на почетокот од неделата, исто како што некогаш нуделе примамливи понуди за непродадените билети во текот на викендот.
Ова значи дека вторник е најпогоден ден за добра понуда. Поконкретно, една студија покажала дека во вторник во 15:00 часот (источно стандарно време) цените на летовите биле најниски.
Просечната цена на летот продаден во сабота се смета дека е за 7% повисока од просечната цена во петок.
Искористете ги социјалните мрежи за дополнителна заштеда или пријавете се да добивате известувања по имеил. Некогаш имаат понуди што траат само 1 час. Со континуирано информирање ќе бидете на време известени за добрите зделки за реализација на вашето следно патување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.