Спасувачките екипи во Мјанмар денеска пронајдоа 14 тела, а за жал очекуваат да пронајдат многу повеќе по несреќата во која траект полн со наставници, студенти и работници денес се преврте во реката Чиндвин.
Вкупно се спасени 154 луѓе од траектот кој во саботата наутро патувал од градот Хомалин кон Мољви, пренесува АФП.
Спасувачите ја пребаруваат реката, а се стравува дека бројот на загинатите би можел да се искачи до 100 жртви бидејќи на траектот најверојатно имало околу 300 патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.