Траект што превезувал над 300 лица, денеска се насука на излез од пристаништето во северниот француски град Кале.
Локалните власти соопштија дека при несреќата нема повредени патници или членови на екипажот на траектот.
Причина за насукувањето бил силниот ветер, со брзина од 90 до 100 километри на час, кој го одвлекол траектот од превидената рута.
Поради несреќата времено е прекинат сообраќајот низ каналот Ла Манш, меѓу Велика Британија и Франција.
Претставник на полицијата информира дека се прават обиди траектот да биде извлечен до отворено море со помош на два реморкери.
Во моментот на несреќата на траектот, кој сообраќал на релација Кале – Довер, имало 316 лица, меѓу кои 208 патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.