| четврток, 6 декември 2018 |

Телохранителите на Џоли и Пит: Нејзе ја сакаат, него го мразат

Марк Билингем, одликуваниот војник на британската армија во пензија поминал 18 месеци како шеф на обезбедувањето на Анџелина Џоли и Бред Пит и нивните деца.

Тој за медиумите открива дека нивниот најголем страв им бил дека некој ќе им ги киднапира децата. Билингем вели дека Пит и Џоли имале толку многу доверба во него, што на децата им дозволувале да одат со него каде сакаат.

Овој искусен телохранител ги штител Расел Кроу, Шен Пен и Том Круз.

Тој тврди дека на Пит му требала поголема заштита отколку на Џоли.

– Луѓето нејзе ја сакаат, а него го мразат. Мора да најдете начин да се заштитите од сето тоа – вели телохранителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top